ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ВОЗ ДО СКОПЈЕ

Битола нема да остане без воз до Скопје. И за време на реконстуктивните зафати на железничката пруга на потегот Скопје Зелениково два возови ќе ги опслужуваат граѓаните кои ги користат услугите на железницата на релација Скопје-Битола и обратно.
Возот од Битола кон Скопје ќе тргнува во два термини и тоа во 18.22 часот и 3.10 часот рано наутро.

„Заради реконструкција на железничката пруга Скопје Зелениково ќе има редуцирање на дел од возниот ред во патничкиот сообраќај. Нема да се обраќа возот 643 кој што тргнува во 14.30 часот од Скопје. Меѓутоа во редовен сообраќај остануваат возот 641 кој што од Скопје тргнува во 7.06 минути и ќе се враќа од Битола како воз број 644 кој што ќе трга од Битола во 18.22 часот. Вториот воз кој што ќе оди за Битола е 645 кој што трга од Скопје во 20.05 часот и се враќа од Битола како воз број 640 кој што трга од Битола во 3.10 часот наутро. Тоа се двата возови кои што си продолжуваат со работа од Скопје за Битола и назад.“-изјави за Тера телевизија Горанчо Јовановски, директор на патнички сообраќај Македонски железници.
Ваквата ситуација ќе трае некаде до март.

„Проценките се дека до крајот на февруари треба да заврши реконструкцијата на потегот Скопје Зелениково и дека некаде почетокот на март ќе го вратиме постоечкиот дневен ред.“-вели Јовановски.

Со ова се настојува да се задоволат потребите на патниците.