ТЕРА

REKLAMA???

НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ – БИТОЛА ПОВТОРНО БЕЗ ИДЕИ

Конечно започна новогодишното украсување на Битола.

По 5 години со истата сценографија и со елка качена на маса, најверојатно инспирирана од песничката „Елко, елко, порасни уште две-три педи…”, градот повторно со истиот веќе виден декор.

И да, ова е таа „разгледница” за која ни велат дека е поубава од Виена.

Дел од критиките и фотографиите што ги добивме од револтирани граѓани го покажуваат токму спротивното длабока разочараност и чувство дека Битола заслужува многу повеќе од вакви импровизации.