Во пресрет на новогодишните празници се бојадисуваат клупите во центарот на Битола. Oткако неколкумина битолчани се пожалија дека се залепиле на мрсна боја кога претходниот пат се бојадисуваше, овој пат има ознаки кои ги предупредуваат граѓаните дека е свежо фарбано.
Токму така гласи ознаката: Внимавај фарбано! Предупредувањето е испишано на бели лисја прицврстени со камења. Иако начинот на обележување не наликува како што би требало да биде направено во еден урбан центар во 21 век со лист и камен, сепак овој пат барем има предупредување.



















