ТЕРА

REKLAMA???

Општина Новаци прва целосно ги исплати Избирачките одбори и ОИК за Локалните избори 2025

Општина Новаци – Прва општина што целосно ги исплати Избирачките одбори и ОИК за Локалните избори 2025, соопшти градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски.

Општина Новаци, во интерес на транспарентноста, информира дека е првата општина во државата која навремено и во целост ги изврши исплатите кон сите членови на Избирачките одбори и Општинската изборна комисија за Локалните избори 2025 година.


Со ова, Новаци уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон ефикасна и транспарентна администрација, навремено исполнување на обврските и почитување на сите кои беа директно вклучени во спроведувањето на изборниот процес, велат од општината.