ТЕРА

REKLAMA???

“НЕМА ЖЕНА КАКО ТЕБЕ “

Новата песна на ЈОЦЕ ПАНОВ предизвика голем интерес кај публиката и на социјалните мрежи. Песната, која уште од првото слушање освојува со моќна мелодија и емотивна интерпретација, сега доби визуелна приказна што совршено ја надополнува. Музиката е на Бане Опачиќ, препевот на текстот е на Весна Малинова, додека аранжманот е на Марко Цветковиќ.

Видео спотот е снимен со модерен пристап и динамични кадри кој ја отсликува суштината на песната,безвременската љубов и почитта кон жената.  Пораката е: вистинската љубов не може да се спореди со ниту една друга.

„Нема жена како тебе” е песна која зборува за длабока, искрена, па дури и судбинска љубов. Вокалната изведба е полна со страст и чувства, а аранжманот е модерен, со препознатлив балкански звук кој веднаш “влегува во уво”.