ТЕРА

REKLAMA???

ДЕЛ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НЕ ПРИЈАВИЛЕ ИМОТНА СОСТОЈБА, МЕЃУ НИВ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И НОВАЦИ

Државната комисија за спречување на корупцијата, констатирала дека 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за пријавување на имотната состојба.  На списоците објавени од Државната комисија за спречување на корупција од регионот на Пелагонија се наведени и имињата на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

 ДКСК соопшти дека согласно со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја евидентира и следи имотната состојба и интересите.

Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.

ДКСК извршила проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба:
–    35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и
–    19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси,
 за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог.

ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси, велат од таму.

Државната комисија за спречување на корупцијата во прилог на соопштението испрати и прилог табели со лица кои немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси: