Со освоени 64 проценти од гласовите на публиката битолчанецот Илија Балтовски ја продолжува музичката трка во рамките на белградското шоу Никогаш не е доцна.
Во рамките на гласањето кое во изминатите денови се спроведуваше на веб страницата на познатото белградско шоу голем број битолчани дадоа поддршка за Балтовски.
Денеска Балтовски испрати видео порака до гледачите преку Тера телевизија.
„Поздрав телевизија Тера. Ви благодарам за можноста уште еднаш да се обратам и да ви се заблагодарам вас како медиум и на моите битолчани и на сите кои што ме гледаат во регионот. Поддршката која што ми ја дадовте и солидарноста што ја покажавте со мене е нешто што мислев дека не е можно. Но, ме разубедивте тотално. Ви благодарам, ви благодарам, ви благодарам. Фала ви многу! Поздрав и се гледаме во третиот круг!“-рече Балтовски.
Тера телевизија останува на својата поддршка за Балтовски следејжи го неговото музичко патување сега во трет круг.


















