Возот „Мечо“, кој со голема помпа беше најавен како атракција на годинашната „зимска приказна“, во моментов е расклопен и целосно неспремен далеку од сликата што беше промовирана во пр кампањата на социјалните мрежи. Директорот на претпријатието вели досега со никој нема договор за наменско брендирање за зимската приказна.

„Мечо“ е малото туристичко вовче на Битола со кое стопанисува на ЈП „Паркинзи“. Деновиве помпезно на социјалните мрежи беше најавен како предвесник на зимската приказна. Објавата вели дека „никој не ја најавувал подобро зимската приказна од украсениот МЕЧО“ – дека тргнува на 20 овој месец и дека „Бимилк останува верен пријател на нашиот драг МЕЧО.“
Вовчето МЕЧО ќе биде дел од новогодишното празнување, но не е ниту изнајмен, ниту пак досега за него има договор да биде брендиран, вели директорот на ЈППЈЛП Паркинзи, Зоран Михајловски, на нашите денешни прашања колку чини гостувањето и кој го плаќа разбудувањето на МЕЧО од зимскиот сон.

Поаѓајќи од објавата, пак го поставивме прашањето колку пари ќе заработи МЕЧО оваа зимска приказна или пак, нема да добие ништо?
За ова денеска побаравме одговор и од претпријатието споменато во објавата на Зимска Приказна. Се надеваме дека комуникацијата ќе ја оствариме во следните денови. Ќе побараме одговор и од Општина Битола иако според досегашната пракса, одговорот би пристигнал дури по Водици.

Досега учеството на брендиран МЕЧО наликува на сериозно потфрлање на ПР-тимот на „Зимската приказна“ во организација на Општина Битола, објава која граѓаните ги доведува во заблуда, овозможувајќи транспарентноста да биде празно ветување.
Мечо во секој случај ќе вози за време на Зимската Приказна, маршрутата вели директорот Михајловски ќе биде објавена во еден од следните денови.
Уште едно сериозно потфрлање на ПР-тимот на „Зимската приказна“ во организација на Општина Битола. Објава која граѓаните го доведува во заблуда, овозможувајќи транспарентноста да биде празно ветување.
„Мечо“ ќе вози за време на новогодишните празници, маршрутата ќе биде објавена во еден од следните денови.

















