На Свети Никола без струја – Ваква реакција денеска стигна до Тера телевизија од жители на потпелистерското село Магарево.
Повеќе домаќинства се пожалија токму во денот кога имаат слава и се подготвуваат да пречекаат гости, останале без електрична енергија.
Реагираат дека покрај како што велат честите прекини на електрична енергија, сега со овој проблем се соочуваат и на празник кој традиционално го одбележуваат.
По ваквата реакција телевизија Тера веднаш побара информации од Електродистрибуција од каде го потврдија прекинот на електрична енегија.
„Денес во 11 часот настана дефект на нисконапонски извод, поради што 10 домаќинства во битолското село Магарево останаа без снабдување со електрична енергија. Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.“-информираа за Тера телевизија од Електродистрибуција денеска во 13 часот, за набрзо потоа да известат дека е повторно воспоставено снабдување со електрична енегија во селото Магарево.
НА СВЕТИ НИКОЛА БЕЗ СТРУЈА – РЕАГИРААТ ЖИТЕЛИ НА ПЕЛИСТЕРСКОТО СЕЛО МАГАРЕВО

















