Во Општина Новаци успешно се одржа првиот солистички концерт на КУД “Везилка”, насловен “Веземе приказни со конец, песна и оро”, во организација на Младинска Граѓанска Акција. Настанот е дел од празничната програма “Зимска Бајка”.
„Првиот солистички концерт на КУД “Везилка” не беше само настап, туку вистинско празнување на корените, идентитетот и заедништвото. Иако КУД “Везилка” постои само 6 месеци, концертот претставуваше голем успех во неговото кратко, но впечатливо постоење. Со богата програма, КУД “Везилка” ја претстави својата посветеност кон македонската традиција преку народната песна, оро и автентичните носии.“-велат од Младинска граѓанска акција, кои додаваат дека настанот беше доказ дека за кратко време може да се изгради квалитетен фолклорен состав, воден од љубовта кон културното наследство и желбата за негово зачувување и пренесување на идните генерации, велат организаторите.
Настанот беше збогатен и со настапите на група „Маестрал“ и група „Секвенца“, кои придонесоа за одлична забава и вистински зимски дух. Вечерта помина во знак на дружење, музика и позитивна енерги.
Фото: Талевски Кристијан






























