ТЕРА

REKLAMA???

113 ГОДИНИ ОД КУМАНОВСКАТА БИТКА, ПОЗНАТА КАКО БИТКАТА КАЈ ЗЕБРЊАК

Српската заедница во Македонија ја одбележа 113 годишнината од кумановската битка, позната како битката кај Зебрњак, клучен воен судир од Првата Балканска војна којашто го отвори патот на Балканските земји кон ослободување од петвековната oсманлиска агресија.Токму на овој настан е посветена третата епизода од серијалот „Чујте Срби, чувајте се себе“.

113   години изминаа откако српската армија се судри со османлиската војска на височинката на Овче Поле кај Куманово. Извојуваната победа го отвори патот кон други oперации и ослободување на Македонските населени места, и Косово. Овој значаен настан за историјата на овој дел од светот, Балканот но и европскиот континент односно држави е српско завештание , а Република Србија заедно со Заедницата на Срби и политичките претставници на Србите во Македонија продолжуваат да ја негуваат културата на сеќавање на хероите.

На годинешното сеќавање на хероите од тоа време присуствуваа делегација од владата на Република Србија, Српската амбасадорка во Македонија, Вицепремиерот на Македонската влада, претставници на српската заедница, кадети од воената академија во Белград и претставници на воените сили на Србија, боречки здруженија кои ја негуваат традицијата на ослободителните борби на Балканот.