ТЕРА

REKLAMA???

ПАРТИЗАНСКА – НАЈКРПЕНА УЛИЦА ВО БИТОЛА

Денеска повторно ударна дупка ги вознемири возачите на автомобили пред клиничка болница. Екипи на „Нискоградба“ со механизација и топол асфалт ја санираа, но нивните активности повторно предизвикаа метеж во овој дел од градот.

Нова ударна дупка предизвика мала нервоза кај учесниците во сообрачајот на делот пред Клиничка Болница. Повторно се отвори ударна дупка на коловозот, иако само пред неколку денови сите на овој дел од улица Партизанска беа асфалтирани.

Се работи за една од најфреквентните улици во градот, долга е 3, 2 километри и е многу стара.

Воопшто во градот патната инфраструктура е стара и оттука екипите на Нискоградба постојано работат на асфалтирање на ударни дупки во некоја од улиците – велат денеска од ЈКП „Нискогадба“.

Старите улици се испукани, во зимскиот период од снегот и мразот, а годинава и од обилните врнежи од дожд, водата го прави своето, па се отвораат пукнатини, мразот, ризлата, солта – големите вибрации од големите и нови возила – се тоа резултира со големи пукнатини, велат од Нискоградба. Се асфалтираат ударни дупки и во селата. Директорот Зоран Талевски денеска телефонски информираше дека во претходниот период асфалтирале и во селата Бистрица и Барешани. Но, нема простор за работа по однапред определена програма, вели, „За крпењето мора да се купи асфалт по тендер и за малите количини кои им се потребни никој не ја  пали асфалтната база, а, тоа е ограничувачки фактор за динамиката со којашто Нискографба работи. Приоритет секогаш се големите улици во градот, но мора да се санираат ударни дупки и во селата кои припаѓаат на општината.

 

До почетокот на зимската служба Нискоградба асфалтира со топол асфлат, со подетално и пошироко формирање на асфалтно парче, а за тоа годинава е зголемен и годишниот буџет што се користи. Редовно на одржување преку асфалтирање на ударни дупки од Буџетот на Општина Битола се издвојуваат 6 милиони денари, а годинава биле направени напори таа сума да биде зголемена за скоро 60% повеќе.

Зимската служба сеуште не е започната со работа, а кога ќе почне, користењето на сол и ризла, пак ќе доведе до иста или полоша ситуација.

Засега „Партизанска“ е најкрпената улица.