ТЕРА

REKLAMA???

ОД 1 ЈАНУАРИ ПОВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на струјата се коригира нагоре во сите потрошувачки блокови.

Според одлуката, која ќе се применува од 1 јануари 2026 година, поскапувањето се движи од 2,45 до 3,84 отсто, во зависност од тоа во кој блок спаѓа потрошувачката. Цената на евтината струја, исто така, ќе биде повисока за 2,5 отсто.

Корекциите по блокови изнесуваат:
– прв блок: зголемување од 2,45 отсто
– втор блок: 2,87 отсто
– трет блок: 3,32 отсто
– четврт блок: 3,84 отсто

И покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96 отсто, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, појасни дека кај домаќинствата кои трошат најмалку, ефектот ќе биде ограничен.

„Ако домаќинството остане во првиот блок, со потрошувачка од околу 210 киловат-часови скапа струја и 227 киловат-часови евтина струја, сметката ќе биде повисока за околу 57 денари“, изјави Бислимовски.

Кај оние кои ќе ја надминат границата на првиот блок и ќе влезат и во вториот, со дополнителни околу 420 киловат-часови, зголемувањето ќе изнесува приближно 70 денари месечно.

Од РКЕ нагласуваат дека блок-тарифниот модел останува непроменет, со цел да се заштитат домаќинствата со пониска потрошувачка, додека повисоките трошоци и натаму ќе значат и повисока цена на струјата.