Во текот на ноќта значително е влошена состојбата на регионалниот патен правец R1311 на делницата Битола – Новаци – Маково, на влезот кај депонијата Мегленци, во близина на свлечиштето поради појава на сериозни деформации на коловозот, информираше градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, кој издаде предупредување за безбедност во сообраќајот.
На терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација, а на сите учесници во сообраќајот им се препорачува крајна внимателност, строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација, прилагодување на брзината според условите на патот.
Благодарение на координативните активности на сите вклучени страни со екипи ,камиони и тешка механизација на РЕК Битола и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта кои се ангажирани за рамнење и тампонирање, веќе е при крај изградбата на земјена девијација во должина од 400–500 метри за движење, при што сообраќајот не е веќе во прекин и истиот се одвива отежнато. На терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација, информира Стевановски.

























