ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ СПИРИДОН ЧУДОТВОРЕЦ

Еснафот на чевларите и сите занаетчии што работат со чекан денеска го празнуваат својот заштитник Свети Спиридон. Овој православен светител познат по својата скромност се смета и за заштитник на сиромасите, вдовиците, болните,неволниците а во многу православни земји е заштитник на земјоделците и сточарите.

Неговите свети мошти се наоѓааат на островот Крф и имаат уникатни својства :

Не само што се нетрулежни во текот на вековите , туку ја сочувале мекоста својствена за обичното човечко тело.

Секоја половина од годината се менува облеката и обувките затоа што се трошат во текот на изминатите шест месеци бидејки Светителот постојано им помага луѓето кои бараат помош од него.

Неговото нетрулежно тело има постојана температура од 36,6 степени како жив човек и овој феномен го испитувале научници од целиот свет збунето ширејќи ги рацете во конфузија и немале друго објаснување , освен дека станува збор за чудо Божјо.

Еве дел од одбележувањето на празникот во храмот Свети Димитрија во Битола.