ТЕРА

REKLAMA???

КРИВИЧНИ ПРОТИВ ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ: ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ОРУЖЈЕ И УКРАДЕНИ ПРЕДМЕТИ

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против тројца прилепчани, поради сомнение дека се вмешани во серија сериозни кривични дела, вклучувајќи производство и трговија со наркотични дроги, незаконско поседување оружје и фалсификување на ознаки на автоматски пиштоли.

При претрес извршен кај 23-годишниот Б.С., полицијата одзеде повеќе видови дрога – кокаин, марихуана и амфетамин, како и средства за провалување и предмети кои потекнуваат од тешки кражби. Исто така, биле пронајдени пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски и автоматско огнено оружје, делови од оружје и куршуми, без соодветни дозволи.

Според истрагата, Б.С., со помош на другите две лица, Р.Т. (22) и Б.Н. (25), извршил механички интервенции на автоматските пиштоли со електрична брусилка, со цел да ги фалсификува ознаките и да се стекнат со противправна имотна корист.

Тројцата пријавени се водат пред надлежниот суд, а истрагата продолжува за да се утврдат сите детали и евентуално учество на други лица.