Годината што изминува беше една од поуспешните за Друштвото „ЕСМ Молика“ ДООЕЛ Битола под чија капа е хотелот „Молика“ на Пелистер.
Директорот Горан Исков информираше за реализацијата на инфраструктурните зафати на Ски центарот „Копанки“ и ноќното скијање на Пелистер.
„Најпрво во интерес на битолчани можам да се пофалам дека за првпат е направено осветлување на ски стазата „Копанки“, а сите вљубеници во зимските спортови ќе добијат нова содржина-ноќно скијање. Над 9 милиони денари се вложени само во осветлувањето на ски центарот „Копанки“, а дополнителни инвестиции од минатата, продолжија со реализација и оваа година-изјави директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков притоа додавајќи дека изградбата на спа центарот во хотелот е еден од клучните проекти чија реализација ќе овозможи уште поголема промоција на Пелистер.

Друштвото ЕСМ Молика на целата територија во државата имаат неколку објекти.
„Хотелот „Маврово“ е во добра кондиција,но, бара сериозно реновирање и тоа би било за вработените во АД ЕСМ како што и порано го користеле, а истиот ќе биде и за комерцијална употреба за домашните и странските гости. Морам да го истакнам и реновирањето на апартманите на Свети Стефан Охрид и хотелот во Дојран што по комплетното реновирање ќе добие современ изглед-додаде Исков.
За Новогодишните и Божикните празници во комодитетот на хотелот „Молика“ освен домашните ќе уживаат и гости од Албанија, Србија итн.

Капацитетите на хотелот за претстојните празници се целосно исполнети, а утре пред хотелот „Молика“ ќе биде организиран музички настан со познати ди џеи од Балканот коишто се препознатливи по журките на планина.

















