Советот на Општина Новаци го донесе Буџетот за 2026 година со вкупен износ од 230.980.080 денари или 3 725 485 евра, кој претставува реална и развојна рамка насочена кон подобрување на квалитетот на живот на сите наши сограѓани. Со овај развоен буџет се планираат значајни вложувања во економскиот развој, инфраструктурата, заштитата на животната средина, младите, спортот, како и во сите сфери на општествено, економското и социјално живеење во Општина Новаци.
„Најголем дел од средствата во буџетот ќе бидат насочени за капиталните инвестиции, за економскиот развој, инфраструктурата. Буџетот на општина Новаци како што го предложив пред советниците и како што е изласан е развоен во насока пред се на индустриски развој. Во изминатите 4 години вложивме максимални напори во изградата на индустриската зона. Голем дел од средствата ги вложуваме таму се со цел да направиме нов економски момент со кој што би направиле дополнителен економски развој за нашите граѓани. Секако тоа е за жителите на општина Новаци, но тоа би ги опфатило и жителите на регионот на Пелагонија. Средствата кои годинава се издвојуваат за капитални инвестиции во буџетот секако дека се повеќе од оние кои беа издвоени ланската година затоа што се работи за дополнителни средства за индустриската зона. Во овие средства ќе влезат и субвенциите кои што доаѓаат од државните приходи, односно од унгарскиот кредит кои ќе ги насочуваме таму. Всушност се е насочено кон поттикнување на економскиот развој.“-вели Градоначалникот Стевановски.
Покрај капиталните инвестиции предвидени се и субвенции.
„Покрај големите капитални проекти кои се планирани за следната година како директна помош во вид на разни видови субвенции насочени кон нашите жители го акцентираме следното: За прв пат на секој ученик во основно образование ќе му доделиме ваучер од 6.000 денари со почетокот на новата учебна година, што особено нè радува и претставува инвестиција во иднината. Повторно ќе објавиме јавен повик за младите лица до 26 години за добивање на возачка дозвола – Б категорија и субвенции за набавка на климатизери. Продолжуваме со одговорно и посветено работење, во интерес на граѓаните и континуиран развој на Општина Новаци.
Овој буџет е доказ за нашата определба да инвестираме во луѓето, во инфраструктурата и во иднината на Општина Новаци. Ќе продолжиме одговорно, транспарентно и посветено да работиме во интерес на сите жители. Заедно градиме посилна и поразвиена Општина Новаци.“-вели градоначалникот.
Буџетот треба да одговори на потребите на жителите на општина Новаци.
ОПШТИНА НОВАЦИ СО РАЗВОЕН БУЏЕТ ЗА 2026, ЗА ПРВ ПАТ СУБВЕНЦИИ ЗА ОСНОВЦИТЕ

















