ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИ КОМУНАЛЕЦ ПРАВИ АНАЛИЗА ЗА КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ КОН ГРАЃАНИТЕ

Дали битолски Комуналец ќе ги зголеми цените на своите услуги кон граѓаните? Од претпријатието велат дека се уште работат по тековните цени, но се прават анализи за корекција на цените.

„Во текот на денешниот ден имаше еден допис од општина Битола кој произлезе од панел дискусијата, која беше организирана минатата недела и каде што разговаравме за предизвиците со кои се соочуваме и проблемите и што наследивме и што планираме во иднина. Еден краткот осврт дадовме на тоа што имаме изработено во изминатите четири години, кои проблеми ги превзедовме и ги решивме и што планираме во иднина. Покрај другите проблеми имаме проблем со цените на услугите односно со корекцијата на цените која не е корегирана повеќе од 30 години. Како што кажав и на комисијата за јавни комунални дејности дека во моментов се изработуваат анализи за корекција на цените. Штом тие бидат готови ќе бидат испратени и до Советот на општина Битола. Се изработуваат повеќе анализи што тоа ќе значи за граѓаните. Ќе бидат испратени до Советот, Советот ќе треба да ги разгледа и заеднички со општината да одлучиме да видиме која од тие варијатни и дали би се покачила цената кон граѓаните.“-вели Горан Степановски, директор на Комуналец Битола.

Корекција на цените е потребна бидејќи во меѓувреме се зголемени платите на вработените и тоа го притиска буџетот на претпријатијатието.

Корекцијата на цените се прави за покривање на основните трошоци, инвестиции во опрема и механизација, како и корекција на платите на вработените во иднина во согласност со животниот стандард.