Општина Могила беше центарот на многу среќа и детски насмевки.
Со Дедо Мраз поделивме 700 новогодишни пакетчиња, а хорот „Ѕвончиња“ и театарската претстава „Дедо Мраз и трите прасиња“ на Бабец театар ги забавуваа нашите најмлади и најмили.
Предновогодишно расположени, со песнички, игри и позитивна енергија, учениците од трите основни училишта учествуваа и во новогодишниот базар со нивните рачно изработени украси.
На сите деца им посакувам среќна Нова година исполнета со радост, љубов и убавини, порача градоначалникот на општина Могила.
ПРЕДНОВОГОДИШНО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО МОГИЛА




































