Тенка снежна покривка над Битола на радост на најмладите.
Моментално нема активни снежни настани на оваа локација – велат сите сателитски снимки на сите метереолошки станици.
Но, синоќа прогнозираа, и погодија, дека има снежни врнежи во градот под Пелистер.

Среќа снегот ниту многу наврна, ниту многу се задржа – сонцето од утро блесна и го стопи, но по снимките што ги направивме, некои очигледно едвај очекуваат снегот да биде составен дел од битолската сценографија.
И на социјалните мрежи се манифестираше инспирацијата којашто се појавува кај сите со различни таленти – од сликање, преку фотогрфирање, до постирање на смешни видео-инсерти кадешто и не е толку забавно да се движиш низ снегот. И додеке ние денеска снимавме, да го регистрираме настанот – снежната покривка кај галеријата две деца ја искористија да остават свој печат.

Малку снег , малку сокри од нечистотијата на Широк сокак, но, за време на новогодишните празнувања никој и не очекува улиците да не сведочат за секојдневните целовечерни забави на сите генерации битолчани.
И, на крај, снегот се очекува за време на Божикните празници , го збогатува впечатокот што во колективната меморија го ставија уметниците.


















