ТЕРА

REKLAMA???

ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА СО ВОЗИЛО ГО БРКАЛА НИЗ ГРАД, БИТОЛЧАНЕЦ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА

На 30.12.2025 во 23:30 часот во СВР Битола, 34-годишен битолчанец пријави дека неговата поранешна девојка Х.С. му упатувала закани со остар предмет, го бркала со возилото низ градот, при што тој со тврд предмет го оштетил нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 30.12.2025 во 23:17 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Ф.(33) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 31.12.2025 во 01:42 часот на ул.„Никола Тесла” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.М.(54) од с.Брусник, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,05 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 30.12.2025 во 09:50 часот на ул.„Прохор Пчински” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Џ.(42) од Битола. При претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.