БИТОЛЧАНЕЦ КРЕИРАШЕ ЕДНА ПОИНАКВА РЕАЛНОСТ ВО БИТОЛА, КАКО ШТО ВЕЛИ СО ВРЕМЕНСКА МАШИНА. ВО НЕГОВОТО ВИДЕО СЕ ПОЈАВУВААТ ПОЗНАТИ ГРАДСКИ ЛИКОВИ И ОД МИНАТОТО И ОД СЕГАШНОСТА.
Се работи за најновата видео приказна на Томи Димовски, дигитален креатор од Битола.
Што би направиле да можете да се вратите назад во времето, на почетоците на светот или на почетоците на градот.
Дигиталниот креатор Томи Димовски ја разбрал човечката желба, на моменти и опсесија со концептот на времето и можностите за патување низ историјата, па користејќи ги најновите алатки за дигитална креација и вештачката интелигенција го оживува минатото.
Во интервјуто што го направивме на 4 ноември, сега веќе минатата година, ( и не не е добитникот на 4то ноемвриската награда) Томи откри дека неговите аудио-визуелни креации се научно поткрепени. Ги прави врз основа на се што како научно истражување и фактички документи ќе најде во различните институции во градот и на интернет. На креациите троши и по 3-4 недели, а имагинацијата го води кон спојување на градските ликови од минатото и сегашноста. Секој дел од архитектурата што се покажува на неговите видеа постоел.
Новогодишното празнување беше очигледно новата инспираџија.
Видеото го насловил Зимска приказна 1910 година. Посочува на вечната желба на човештвото да ѕирне во минатото.



























