ТЕРА

REKLAMA???

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТИКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП

2026 година ја пречекуваме со јасна цел: посигурен град, подобри услови за живот и повеќе можности за секој човек.
Прилеп има луѓе со сила, знаење и карактер.
Тоа е нашата најголема вредност и темел на секој напредок.
Пред нас стојат нови проекти, подобрување на инфраструктурата, поддршка за младите и локалните стопанственици, поголема грижа за животната средина, образованието спортот и културниот живот.
Општината останува отворена и достапна, а вашиот глас ќе биде наша водилка во работата.
Само со искрен однос и меѓусебна почит се постигнуваат вистински резултати.
Драги сограѓани ви посакувам добро здравје, мир и стабилност во секој дом.
Нека ни е среќна, успешна и бериќетна Новата 2026 година, порача градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски.