ТЕРА

REKLAMA???

БЕЈБИ БУМ НА ВТОРИ ЈАНУАРИ ВО БИТОЛА

Вистински бејби бум во приватната болница „Плодност“ во Битола, во Новата 2026 година.

На вториот ден од Новата година, во болницата се родиле 8 новороденчиња, од кои четири се машки и 4 женски.

„Првиот ден во Новата година немавме породувања. Но, вториот ден од 2026 година во Болницата „Плодност“ започна со живот.
Се родија 8 новороденчиња. Меѓу нив и предвремено родени близнаци од Прилеп, машко и женско, кои се во сигурни раце и под внимателна грижа на нашиот лекарски тим“, информираат од Приватната болница „Плодност“.

Од болницата додаваат дека пет новороденчиња се од Прилеп, по едно новороденче е од Битола, Ресен и Росоман.

Инаку, минатата  2025 година во Болницата „Плодност“ се родија 749 бебиња, што е околу педесет бебиња помалку од претходната година.

Оттаму додаваат дека падот на наталитетот, го следи националниот тренд во Македонија.