На објавените фотографии и видеа, Мадуро носи спортска облека – спортска јакна и капа, тренерки, бели чорапи и апостолки.
Американската телевизиска мрежа CNN објави дека Мадуро и неговата сопруга спиеле кога американските воени сили упаднале во нивниот дом и ги извлекле од нивната спална соба.
Едно од видеата објавени од американските власти го покажува Мадуро како го водат по ходник федерални агенти. Ходникот е покриен со зборовите „DEA NYD“, „Владеење на правото“ и „Почит“. Во моментот кога се чини дека забележал дека го снимаат, на снимката се слуша како Мадуро вели: „Добра ноќ и среќна Нова Година“. Погледнете го видеото:
МАДУРО ЗАРОБЕН ПОСАКА ДОБРА НОЌ И СРЕЌНА НОВА ГОДИНА












