Секое новородено бебе во Новата 2026 година во Битола, доби фудбалски дрес од Пелистер.
Овој прекрасен гест на навивачката група „Чкембари“ рашири позитивна енергија во градот под Пелистер.
„Во Новата 2026 година започнуваме нова акција, која ќе премине во традиција. Сите новороденчиња на територијата на Битола во 2026 година добија подарок-дрес. Добредојдовте, најмали Пелистерци: Бистра, Петар, Леонид, Лука, Мила, Искра и Николија. Како нив, така и на нивните среќни и горди родители им посакуваме многу здравје, безгрижно и среќно детство, љубов во изобилие и иднина исполнета со насмевки и спортот да биде нивна водилка, во овие се потешки времиња“ велат од фан страната „И моето дете ќе навива за Пелистер“.

Додаваат дека целта на оваа благородна акција е од најмала возраст да се негува љубовта, припадноста и зелено-белата приказна која се пренесува од генерација на генерација.

„Затоа што ова не е само дрес-ова е идентитет, традиција и љубов кон Пелистер. Благодарност до Клиничката болница и Болницата „Плодност“ за соработката-стои во објавата на фан страната „И моето дете ќе навива за Пелистер“.












