ТЕРА

REKLAMA???

БУГАРИТЕ ОД БАНКОМАТИ МАСОВНО ИЗВЛЕКОА 18 МИЛИОНИ ЕВРА

Во првите 24 часа од новата 2026 година, во првиот ден кога Бугарија го воведе еврото како платежна валута, жителите на оваа држава и тие кои имаат свои сметки таму ги извлекоа сите пари што ги имаат.

Националниот систем за регистрирање на безготовинско плаќање иформирал дека на 1 јануари граѓаните на оваа држава направиле прекУ 125.000 подигнувања од банкомати, ваделе по просечно 144 евра на подигнување и извлекле од банките вкупно 18 милиони евра свои пари. Статистиката вели во првите 24 часа од 2026 година биле направени 933 илјади трансакции.

Во информацијата  на националниот систем „Борика“  се вели дека трансакциите најмногу претставувале физичко потигнување на пари од банкоматите. Ова подразбира дека транскции и вадење на евра се случувале на секои 5 секунди. „Борика“ информира дека во првиот ден од годината се случувале по 324 трансакции во минута, а извлекувањата биле по 25 евра.