ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕС ВО КРУШЕВО СЕ ОДРЖУВА УНИКАТНИОТ НАСТАН ДЕВА

Општина Крушево упати покана до сите граѓани и посетители по повод 5 јануари 2026 година кога се одржува манифестацијата „Дева – во чест на Неговото раѓање“, вековна и уникатна крушевска предбожиќна традиција.

Настанот ќе се одржи во 17:00 часот на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ во Крушево.

Настанот ќе биде организиран во празнична атмосфера, со посна трпеза и топли напитоци.

Во рамки на манифестацијата ќе се организира и собирање на доброволни средства за првото новородено дете.

Да ја споделиме заедно радоста и да ја одбележиме традицијата што го најавува Христовото раѓање, порачаа од општина Крушево.