ТЕРА

REKLAMA???

Бадник, предвечерие на Божик во храмот Свето Благовештение во Прилеп

Денес го славиме еден од најсветлите христијански празници – Бадник. Тоа е денот пред Рождеството Христово, кој е посветен на домот и се слави семејно од сите христијани.

Бадниковата вечер е еден од најрадосните празници во христијанството, кога се исчекува раѓањето на Исус Христос. Тогаш во домот се внесува бадниково гранче, кое симболизира здравје, радост и изобилие.

Еве каква е атмосферата на Бадник, предвечерие на Рождеството Христово Божик во храмот Свето Благовештение во Прилеп. Нека ни е за многу години, исполнети со мир и здравје!, порачуваат од таму.