Вечерва екипи на ЈП „Стрежево“ извршија увид на состојбата на сливното подрачје за време на интензивните врнежи од дожд.
Патниот правец од село Рамна кон селата Лера и Доленци е зафатен со голема количина вода, поради што се препорачува истиот да не се користи. Во село Лера се поставени предупредувачки табли, информираат од Стрежево, додавајќи дека екипите се подготвени за евентуална интервенција и состојбата континуирано се следи. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат дадените препораки, порачуваат од Стрежево.
Поплавен патот од Рамна кон селата Лера и Доленци, апел да не се користи патот
















