Алармантно е вечерва во Битола. Излеан е Курделес, што предизвика поплави на повеќе улици во градот. Најкритична е состојбата кај стариот „Прогрес“ кај каналот од реката „Курделес“ кој се излеа, поради што отежнат е сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ (старата „Иво Лола Рибар“) до Железничката станица.

Интервенции има и на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат и населбата „Стрчин“.
Вечерва по обилните врнежи од дожд, битолската „Нискоградба“ и другите јавни претпријатија започнаа акција за санирање на состојбата.



„Најкритична е состојбата кај стариот „Прогрес“ кај каналот од реката „Курделес“ кој се излеа, поради што отежнат е сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ до Железничката станица. Интервенции има и на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат и населбата „Стрчин“. Екипиите продолжуваат со работа за санирање на состојбата, а остануваат на терен со оглед на најавите за продолжување на врнежите. Мобилизирани се екипи од „Битолско поле“, „Водовод“, „Стрежево“ и ќе се интервенира во Кравари, во Канино, Лера, Горно Српци, на река Црна, потесното и поширокото градско подрачје- информираат од Општина Битола.












