ТЕРА

REKLAMA???

Во Битола сончево, 31 сантиметар снег на Попова Шапка

По синоќешните обилни дождови кои предизвикаа поплави во Битола и Битолско, и во повеќе градови во Македонија, од утрово времето во Битола е сончево.

Најниската температура изутринава  е измерена во Попова Шапка, минус 4 степени, каде има снежна покривка од 31 сантиметар, информираше Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег.

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец со брзина над 60 километри на час.