Битолчанец возел пијан а полицијата го приведе откако му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.
„На 10.01.2026 во 02:48 часот на ул. „Новачки Пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.Н. (26) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,79 промили алкохол во крвта“ соопштија од СВР Битола.
По документирање на настанот, против него ќе следува пријава за кривично дело “безобѕирно управување на моторно возило” казниво по член 297-а од КЗ, информираат од Битолската полиција.












