ТЕРА

REKLAMA???

Утрово во Битола минус 4 степени, Берово најстуден град

Утрово во Битола се измерени четири степени под нулата, а најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени.
Следуваат Скопје, Струмица и Демир Капија со измерени минус 5 степени, информираат утрово од УХМР.
Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Максималната температура се очекува да биде во интервал од 7 до 14 степени Целзиусови.
Најмногу снег има на Попова Шапка и снежна покривка 25 сантиметри, а 10 сантиметри снег има во Маврови Анови и Крушево.