Во пресрет на Богојавление еден од најзначајните празници во православниот календар, низ црковните храмови во Македонија владее празнична атмосфера.
Во храмот Света Недела во Битола течат подготовките за чествувањето на Водици, каде на 19 јануари со почеток во 10 часот ќе се одржи чинот на фрлањето на Светиот крст во базенот пред црквата.
Од храмот Света Недела во Битола ги повикуваат сите православни верници да земат учество и да го проследат настанот којшто ги обединува православните верници и ги симболизира чистењето на душата и телото.
Празникот Богојавление се нарекува уште и Водици заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.
Според верувањата со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.
Со Водици завршуваат т.н. некрстени денови.













