Богојавление масовно се прославува во Русија, каде што на повеќе места организирано се крши мразот на реките и езерата за да можат верниците ритуално да се искапат.
Овој вид капење на Богојавление во Русија се практикува уште од античко време.
Во некои руски региони, луѓето го изведуваат ритуалот на екстремни температури.
Таков беше примерот и кога гувернер на регионот Јакутија се нурна во реката Лена на температура од минус 50 степени Целзиусови.
На Богојавление, еден од најголемите православни празници, Русите по традиција трипати нурнуваат во ледена вода за да си ја вратат силата на духот.
Капачите претходно се предупредени од лекарите дека пливањето во ледена вода не е штетно само за луѓето без ниту еден здравствен проблем.
Богојавление е еден од најстарите празници на христијанската црква, којшто верниците го слават на 19 јануари.
















