ТЕРА

REKLAMA???

Лука и Дино од Прилеп се иднината на македонското воздухопловно моделарство

Шеснаесетгодишниот Лука Најдоски во Прилеп е „чудо од дете“. Toj е актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, а воедно се наоѓа и на 13. место на светската сениорска ранг-листа за 2025 година, успех кој зборува сам за себе.

На Светскиот куп во воздухопловно моделарство, во категоријата Ф1А – едрилици, во исклучително силна јуниорска конкуренција од целиот свет, Лука го освои првото место, уште еднаш потврдувајќи дека талентот, трудот и посветеноста секогаш носат резултати.

Тој е член на прилепскиот воздухопловен клуб „Фил Феникс“, а моментално како средношколец се школува во Воздухопловната академија во Белград, на смерот за авиотехничари, ретка и дефицитарна професија во нашата држава. Неговата желба е јасна, иднината ја гледа во воздухопловството.

Со овие зборови прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски упати посебни честитки до Лука и до неговиот брат Дино, кој исто така успешно се занимава со овој спорт и е дел од оваа убава спортска семејна приказна која го промовира Прилеп на светско ниво.

Проданоски најавуви дека Прилеп налето ќе биде домаќин на два значајни меѓународни настани: Светско јуниорско првенство и Европско сениорско првенство во воздухопловно моделарство. Истите кои ќе се одржат од 26 јули до 2 август на теренот во с. Веселчани, со учество на околу 45 репрезентации од целиот свет и над 450 натпреварувачи.