ТЕРА

REKLAMA???

Битолчани за потребата од зголемување на ценитe за комунални услуги – анкета

Деновиве градоначалникот и директори на некои од јавните комунални претпријатија преку социјалните мрежи со видео пораки на граѓаните им кажуваат за потребата да се зголемат цените на комуналните услуги за граѓаните. Денеска ТЕРА праша некои од граѓаните што мислат за зголемување на цените на комуналните услуги.

 

Битолските јавни комунални претпријатија, тие кои ги основа Советот и поднесуваат извештај пред советниците се во загуба. Според нивните финансиски извештаи,   Комуналец и Водовод се во загуба од скоро 1 милион евра, Паркинзи и Пазари – по 60.000 евра , а Нискоградба околу 400.000 евра.

За надминување на состојбите советниците и градоначалникот како институции неколкупати во претходните години изгласуваа субвенции – финансиски инекции за претпријатија и подигнување на цените по кои јавните претпријатија и ги наплаќаат услугите на општината. Анализите на рентабилноста и ефикасноста сега им кажуваат дека треба да се постигне преку подигнување на цените за услугите кои ги пружаат на граѓаните.

Граѓаните се против ваквата мерка која , градоначалникот вели е храбра.

Има и граѓани кои сметаат дека фактот што комуналните претпријатија се постојано во загуба е прашање поврзано со рационалноста на трошоците, за некои кадровската политика, за некои ефикасноста на наплатата, за некои методологијата која се применува…

Обраќањата за потребата од подигнување на цените на услугите ги немаат информациите за вкупниот обрт на средства на претпријатијата, колку пари им се приход од директните услуги кон граѓаните, каде тие пари биле потрошени, зошто се во загуба. Податоци, кои кога се работи за локална власт се директно поврзани со политичката одговорност.