ТЕРА

REKLAMA???

Осумнаесетгодишник од Битола фатен со марихуана, полицијата го приведе

Битолската полиција вчера вечерта приведе осумнаесетгодишен битолчанец откако претходно кај него пронашла марихуана. Тој  бил фатен на една од најфрекфентните улици во градот.

„На 23.01.2025 во 19.40 часот на ул. „Генерал Васко Карангелевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.С.(18) од Битола, бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана“ информираат од Секторот за внатрешни работи Битола.

Оттаму додаваат дека по документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.