Во организација на Заедницата на Срби во Македонија, синоќа беше одржана свечена Светосавска академија по повод српскиот празник Свети Сава. Настанот ја истакна добрата соработка, заемното почитување и пријателските односи што со години ги поврзуваат македонскиот и српскиот народ.
Покровител на свеченоста се Владата на Македонија и претседателот на Република Србија Александар Вучич. Традиционалната Свечена Светосавска академија е потврда на поддршката на мултикултурализмот и почитувањето на различностите во македонското општество од една страна и потврда на слободата и правата што српската заедница ги ужива во Македонија, што воедно е и патоказ и показ на одличните билатерални односи.



































