За утре, 29 јануари претседателот на Советот на општина Битола ја закажа 5та седница на Советот со 55 предложени точки на дневен ред. Отсега политичката јавност е фокусирана на најавеното зголемување на цените на услугите кон граѓаните од страна на сите јавни претпријатија во градов, а граѓаните ја очекуваат одлуката на советниците кои се исправени пред одлуката да придонесат во падот на јавните и комунални претпријатија или на граѓаните.
Најавата дека општината планира да ги зголеми цените на сите услуги кои се во доменот на нивното одлучување, го бранува најдолгиот месец од новата година, па и реакциите од граѓаните се негативни.

Советниците ќе расправаат за зголемување на цените најпрвин на Територијалната противпожарна единица. Се работи за услуги кои се даваат на физички или правни лица од областа на оваа специјална дејност. Ценовник и досега имало, од 2015 година, но, како никој да не се грижел за сигурната наплата. Сега, откако советниците ќе ги прецизираат цените – и тоа ќе се реализира. За носење техничка вода и обезбедување на масовни настани – 3,5 до 4 илјади денари. Од оваа одлука се отстранети општините и спортските клубови кадешто општината е акционер – правни субјекти кои најчесто и редовно ги користат услугите на пожарната.
Советниците треба да дискутираат и за финансиската оправданост на претпријатија за подигнуавње на цените за услугите од Комуналец – за подигнување на смет цената од досегашните 2,80 денари треба да се зголеми на 4 денари по квадратен метар станбен простор, зголемено и за одредениот процент на сметката за јавно зеленило. Кај комуналец зголемување треба да има и за одржуавње на меѓугробниот простор на гробиштата со кои стопанисува ова претпријатие.
И за паркирањето треба да се дискутира. Предлогот е во централната А зона за паркирање од 30, цената да се зголеми на 50 денари од час.

И за месечното користење на детски градинки ќе се дискутира за зголемување на цената. Предлогот е да се зголеми од околу 1.500 денари на 2000 денари месечно.
И за згрижувањето на возрасните лица во опптинскиот Дом за стари лица „Сју Рајдер“ советниците ќе ја разгледуваат оправданоста на зголемените цени. Предлогот е месечното користење на услугите на оваа инстутиција да бидат зголемени 12. 000 денари месечно за подвижни и 15.000 денари месечно за неподвижни лица.
Советниците се исправени пред одлуката дали да им помогнат на локалните јавни претпријатија кои во континуитет од неколку години не покажуваат рентабилност во општествените економски промени или пак да им нанесат сериозен удар на семејствата во градот, тие кои со своите возила мора барем две деца да згрижат во градинка и своите возрасни да ги згрижат во старскиот дом.
Сепак, доколку нема промени на дневниот ред , најпрвин предлагачот ќе треба да објасне дали на дневен ред ќе се селектираат кандидати за кандидати кои пројавиле интерес за членови во управните одбори и надзорните одбори според огласот на општината кој е во тек и чиј последен рок за пријавување е 30 овој месец?













