ТЕРА

REKLAMA???

Кој ќе биде одговорен ако руинирана куќа повреди човек – анкета

Според законите, правилниците и другите акти поврзани со животот на луѓето во градовите,  Општинската градежна и Општинската комунална инспекција регистрираат која од куќите има проблем со стабилноста и претставува потенцијална опасност. Ако сопствениците се пронајдени и не презеле ништо, според правилникот за работа на оппштинскиот инспекциски надзор – може да изречат казни и, општината може и да го урне објектот.

Ненаселени и запуштени куќи има во целиот град и, според неколку закони кои ја определуваат надлежноста и ингеренциите на локалната самоуправа општината треба да се грижи за безбедноста и уредноста на јавните површини и простор.

Ако инспекциите не знаат, граѓаните знаат.

Општините интервенираат и кога не се почитува Законот за сопственост и други стварн права. Овој закон ги обврзува сопствениците да го одржуваат објектот така што нема да предизвикува штета или опасност.

Фактите говорат дека напуштените запуштени куќи секојдневно посочуваат на потенцијалната опасност – паѓаат фасади, зидови и покриви врз тротоари и коловоз.

Прашањето што го поставија граѓаните сеуште е хипотетско – кој ќе биде одговорен кога ќе има повредено човек?