ТЕРА

REKLAMA???

„Невроразлични“ на трибина презентираше најнов метод за откривање на нарушувања од аутистичен спектар

Во организација на здружението на децата и млади со попреченост и нивните родители “Невроразлични” се одржа трибина “Етиологија, дијагноза и третман  на децата со аутизам“. На трибината говореше Д-р Наги Момени, доктор на науки од Универзитетот Линеус во Шведска.

Трибината најпрвин прозвучи со сите медицински и биохемиски истражувања на шведскиот експерт во третманот на аутистичниот спектар , а потоа присутните разговараа со докторот Наги Момени за сите од проблемите со кои се соочуваат секојдневно во Битола семејствата со членови кај кои е согледан аутистичниот спектар.

Д-р Момени е истражувач во областа на биомедицински науки и пронаоѓач на нов крвен биомаркер и лек за артистички спектар на нарушувања. А со поддршка на различни спонзори или општествено одговорни компании ова здружение ќе се обиде да ги надмине секојдневните проблеми кои произлегуваат од институциите.

Разговаравме со Билјана Стефановска од Здружението . Дел од разговорот во прилогот подолу.