ТЕРА

REKLAMA???

Македонската олимписка делегација стигна во Милано каде утре се отвораат Зимските Олимписки игри

Македонската олимписка делегација допатува во Милано каде утре ќе се одржи свеченото отворање на 25. Зимски Олимписки игри. Делегација со четворица спортисти е предводена од шефицата на делегацијата Цветанка Макаровски.


Македонските знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.


Олимписките игри свечено ќе бидат отворени утре на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано, со почеток во 20:00 часот по македонско време. Арената има капацитет од 75 илјади гледачи.


Првите натпревари започнаа 2 дена пред официјалната церемонија. Вкупно околу 2.900 спортисти од повеќе од 90 земји ќе се натпреваруваат за вкупно 116 златни, сребрени и бронзени медали. Речиси половина од натпреварувачите се жени.


Според Комитетот за организација на игрите, повеќе од половина од билетите биле продадени до почетокот на ноември 2025 година.


Проценетиот буџет за Зимските олимписки игри 2026 е повеќе од три милијарди евра.