ТЕРА

REKLAMA???

Протест во Битола против изградбата на регионална депонија

Денеска на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа мирен протест против изградбата на регионална депонија во Пелагонија.

Претставници на вонпарламентарни политички партии побараа итно да се стопира нејзината изградба, и секоја општина самостојно да си изгради своја фабрика за преработка на отпад.

Според нив, незамисливо е во 21 век да се изгради депонија во Пелагонија кадешто ќе се носи отпад од 18 општини и не веруваат дека нејзината изградба ќе биде по еколошки стандарди.

На денешниот протест во Битола истакнаа дека очекуваат да им се приклучат и други политички партии коишто наместо личните интереси и интересите на нивните политички субјекти, во преден план ги ставаат интересите на граѓаните.

За потсетување, минатиот месец во Битола беше промовирана опремата за управување со цврст отпад, составена од 16 нови возила и голем број контејнери и канти, наменети за општините од Пелагонискиот и Југозападниот Регион.