ТЕРА

REKLAMA???

Битола има многу бездомни кучиња – анкета

Битолчани сметаат дека бездомните кучиња во градот се многубројни и бараат од општината да го реши проблемот. Состојбата на животните, вклучително и бездомните кучиња е регулирана со закон, а градоначалникот вели досега Општината ги слуша експертите и препорачува до граѓаните да не ги хранат.

„За проблемот со кучињата храдоначалникот да му ја мисли затоа што стварно од секаде напаѓаат.“ „Секаде ги има и не само институцијата градоначалник, туку Општината комплетно со сите избрани и администрацијата треба да го решат овој проблем и заедно со организациите за заштита на животните. Ова се одговорите на граѓаните кои ги запрашавме што мислат за проблемот со бездомните кучиња.
Проблемот постои неколку години, и градоначалникот Коњановски вели експертски се решенијата ставени во Законот. Градоначалникот апелира до граѓаните да не ги хранат кучињата, но истовремено во овок момент ниту некое невладина организација ниту прифатилиштето ниту пак општината има планирано организирано прихранување на сите бездомни кучиња, како што тоа се прави во планините и низ шумите.
Општините се надлежни за решавање на проблемот за кој одделни законски презицирања на постапка има во правилниците наменети за институциите кои се занимаваат со заштита на животните но истовремено и заштитата на луѓето од прекумерна бројка бездомни или пак заразни животни. А впечатокот на граѓаните е дека се многубројни.
Хачико не е хотел за животни – вели градоначалникот, туку попатна станица во која заловените кучиња се стерилизираат и вакцинираат, истовремено додека се таму и се прихрануваат. Но потоа пак минуват низ процесот на социјализација. Правилниците на другите институции кои се занимаваат со благосостојбата на животни прецизираат при многубројност или заразни болести посебна процедура за животните.
Во светот има прифатилишта кои по одредено време, доколку никој не ги вдоми кучињата спроведуваат евтаназија. Првичната замисла за функционирање на прифатилиште во Битола не е реализирана. На предлог на советниците од ПОИНАКУ пред неколку години беа одвоени 41 милион денари за изградба на надворешен и внатрешен дел за третман на животните слично на примерот во Кавадарци. Сепак, со ребаланс на буџетот беа пренаменети овие средства и изградено сегашното надворешно прифатилиште со капацитет од 75 кафези. 40тина кучиња се вдомени, но, засега, заради опасноста од болести, не се примаат млади единки.