ТЕРА

REKLAMA???

Дали паркирањето во Битола е поскапо од паркирање во Белград

Цените на паркирањето во Битола кои се зголемени од последната седница на Советот на општина Битола, се предмет и на споредби. Паркирање во Битола е поскапо од паркирање во Белград, истакна на последната седница советникот Димитар Кузмановски од ЛДП.

„Наидов на вест од соседна Србија, во Белград од 1 февруари се поскапи паркингот исто како кај нас. Таму се поделени во три зони паркирањата. Значи има црвена зона, нешто како А зона кај нас и таму вели се поскапува на 80 динари, во Белград. Во зона А. Кога тоа ќе го конвертирате во наша валута доаѓа дека еден час во Белград во најцентарот, во најужото градско подрачје таму цената е 40 денари. Во нивната жолта зона, или зона Б, е 65 динари што кога ќе се пресмета повторно е поефтино од кај нас. И во зелената зона паркингот таму е 55 динари. Значи ние имаме поскап паркинг од Белград. А за споредба, бидејќи многу тука со плати се расфрлавте како е, во Србија минималната плата од 1 јануари е 550 евра, што е за 150 евра повеќе од кај нас. А просечната плата им е 1000 евра, што е за 250 евра повеќе од кај нас. Претпријатието паркинзи Битола кое освен од сопствени трошоци за плати има дополнителен трошок само за боја за бојадисување на паркинг просторот да барате до 300 посто зголемување на цената, а да се криете зад параванот како вие сакате да ја заштитите екологијата, па центарот да не ни бил загаден од возилата е недозволиво.“-рече тој.