ТЕРА

REKLAMA???

ЦУК: Поплавена куќа во Битола, интервенираше и пожарната

Утрово во Битолскиот регион имаше поинтензивни врнежи од дожд, по што во Центарот за управување со кризи беше примена пријава за поплавена куќа на улицата „Буковски Мост“.

„Во Битолскиот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на ул. „Буковски Мост” за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување“ изјави за ТЕРА телевизија, Надица В’чкова, портпарол на Центарот за управување со кризи.

Случајот беше пријавен и во Битолската пожарна откаде за ТЕРА телевизија изјавија дека интервенирале со едно возило и со двајца пожарникари.

„Веднаш по пријавата во Центарот за управување со кризи со едно возило и со двајца пожарникари се упативме на терен и интервениравме по пријава од жител на ул. „Буковски Мост“ дека му се поплавени подрумот и визбите во куќата“, информираа за ТЕРА телевизија од Територијалната противпожарна единица Битола.

Инаку, во Битолскиот регион кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно се очекуваат врнежи од дожд, а стабилизација на времето се очекува од утре.

„В петок се очекуваат нови врнежи од дожд што ќе бидат пообилни. Оваа година имаме почести врнежи од дожд со поголем интензитет во споредба со претходните години“, велат од УХМР.

Надлежните информираат дека нивото на речиси сите поголеми водотеци во државата е далеку над просекот за февруари, а од Центарот за управување со кризи ЦУК велат дека нивото на реката Црна Река во село Новаци изнесува 310 см.