ТЕРА

REKLAMA???

Дали Битола е жртва на нелегалната практика на пренесување кучиња скитници од еден град во друг

Дали и Битола е жртва на нелегалната практика на пренесување на кучиња од еден град во друг, со цел народски кажано секој да си го исчисти својот двор, притоа префрлајќи го проблемот на друго место.

Решавањето на проблемот со кучињата скитници преку нивна стерилизација, што е цививилизирана практика, бара време. Затоа некои сакаат брзи, но нелегални решенија.

„Според она што го кажуваат стручњаците потребни се неколку години таа популација на стерилизирани и вакцинирани кучиња да нема услови за размножување. Но апел и до останатите, гледате дека Скопје веќе сега го актуелизира процесот на носење, на тој трансфер на кучиња од еден град во друг сакајќи да го исчистат условно кажано сопствениот двор.“-вели Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Дали Битола го има тој проблем? Дали носат тука кучиња од други места? Дали има такви информации?

„Па видете, информации има такви. Меѓутоа никој официјално уште не е. Затоа јас апелирам до граѓаните да кажуваат дека имало, дека виделе комбе кое ги растовара. И верувам дека е така. Но велам не е тој начинот на справување. Треба и нашиот однос како граѓани да го корегираме. Исто така има и од локалните рурални места кои доаѓаат. Јас сум свесен дека е многу тешко да се прошета и по касарната и на други места. Верувајте екипите на секој повик работат. И ако прошетате низ град ќе видите се повеќе чипирани кучиња што поминале низ третманот. Тоа е доказ дека поминале.„-вели битолскиот градоначалник.

Проблемот со доусложнува со се поголемиот број напуштени кучиња, за што веќе е предложено напуштањето куче миленик да стане кривично дело.

Некои од општините преминуваат кон превенција. Општина Гази Баба деновиве објави јавен повик за субвенционирање на стерилизација на домашни миленици во 2026 година. Притоа условот е процесот да се врши во регистрирана ветеринарна установа, а миленикот да е регистриран и чипиран.